Премиера на претставата „Бог на колежот“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 23 Декември 2024
На големата сцена во Македонскиот народен театар на 24 декември со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска. Ова е седмиот проект на Македонскиот народен театар во оваа сезона.
Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa како и децата од Актерската школа на Весна Петрушевска.
Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, како сценограф се потпишува Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери.
Изборот на музиката е на Весна Петрушевска, а автор на сонгот „Пепел и мрак” е Игор Џамбазов.
Оваа копродукциска претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената.
Првата реприза е закажана за 25 декември и билетите се веќе пуштени во продажба.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс