ВМРО-ДПМНЕ: Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи

„Почина пациент со цистична фиброза кому надлежните две години му ветуваа лек. Други седум пациенти се во слична состојба како овој пациент, а уште 130 чекаат лек. Ова говори само за едно, државата не се грижи за граѓаните, државата не успева ниту лек да им обезбеди на граѓаните. За министерот за здравство Беким Сали лекот бил прескап или требале околу 20 милиони евра, а тие немале пари“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „луѓето умираат – лек нема, лекари нема, ама затоа има 20 милиони евра или многу повеќе за отштета што не се гради нов клинички во Скопје. Тоа се пари кои државата треба да ги плати поради благо речено невнимание на надлежните или затоа што го раскинале договорот за градење на нов клинички во Скопје“.

„Предупредувавме подолг период, но власта е вообичаено глува зошто би се грижеле тие за граѓаните?! Зошто премиерот Димитар Ковачевски би се грижел за тоа дали во буџетот има пари за лекови кога е преокупиран со фирми за производство на струја! Неспособноста на оваа власт се плаќа со човечки животи! Цената на опстојување на оваа власт е преголема, штетата што ја прави непроценлива затоа мора да си заминат веднаш!“ се вели во партиското соопштение.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.