Променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни и северни делови со слаби врнежи од дожд, на планините врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во следните три дена времето ќе биде стабилно, во четврток со појава на магла по котлините. Во петок и сабота ќе дува засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и топење на снежната покривка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.