Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Јануари 2024
Времето денеска, наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.
До недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со ниски утрински температури.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а во сабота ветерот повремено ќе засилува.
Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места од повремен снег.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс