Убиство во Србија, дрога во Албанија, со што се поврзани роднините на Томовски од скандалот во СОЗР?
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 22 Јануари 2025
„Денеска, ќе објавиме нови информации за последниот скандал на власта на ДПМНЕ со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Ивица Томовски. За какви луѓе станува збор? Го повикуваме Томовски да излезе пред граѓаните и да одговори дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фирма на иста адреса со подружницата на „Праеторијон“ ДООЕЛ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија?“, вели Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.
„Дали неговиот роднина Дарко Гашиќ бил упасен во Србија заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство. Дали Гашиќ, наречен Праки, учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година, која резултирала со двајца загинати? Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на ‘Праеторијан’ ДООЕЛ во Охрид лежел во затвор во Албанија поради трговија со дрога? Дали овие денови Танаскоски во Калишта организирал ручек на кој присуствувал и министерот Панче Тошковски? И, конечно, дали ова е обид за создавање нова СГС-агенција на ДПМНЕ, каде што ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари? Исто како во времето на режимот“, посочува Костовски.
Според него, ова е голем скандал, прво, поради коруптивната мрежа на ДПМНЕ за злоупотребата на власта и испумпување на парите на парите на граѓаните преку тендри вредни милионски суми, и, второ, поради основаната поврзаност со криминални шеми и криминални ликови, кои имале сериозни проблеми со законите во соседни држави.
„СДСМ бара итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден 3,5 милиони евра. Владата да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата“, завршува Костовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс