Брука е што СДС е против купување нов државен авион, по еден погинат претседател и еден претседател врз кој има извршено атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 23 Јануари 2025
„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е од постар датум на производство, се големи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сведоци сме дека низ историјата на државата, државните авиони биле користени за потребите на владата за патувања на владиниот врв, со цел да безбедно и без дополнителни трошоци да се стигне до посакуваната дестинација.
Како држава членка на НАТО доколку сакаме да биде сериозна држава, треба да имаме квалитетен воздухоплов. Моменталниот авион кој е во служба на Владата, често е во дефект и на поправки, а тоа ја „кошта“ државата.
Државниот авион нема да биде на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак на СДС и ДУИ, туку ќе биде за потребите на државата. Тесноградоста на СДС и заслепеноста на Филипче, покажува дека не гледаат подалеку од партиското слепило на Бихачка.
Авионот нема да биде употребуван за да се смируваат коалициите на партиите на власт, како што бевме сведоци во минатото, туку за користење на државниот врв за патување на службени патувања каде се преставува Македонија и се штитат државните интереси“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс