(Видео) Манасков: Јаневска создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

На Меѓународниот ден на образованието, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја испраќа пораката, дека образованието не смее да биде заложник на партиски интереси, туку основа за напредок на државата, истакна на прес-конференција, Јованче Манасков, член на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

 

 

За жал, оцени тој, на овој ден кога државите во светот ставаат силен акцент на развојот на образованието, бележат галопирачки успеси преку унапредување на овој ресор, македонскиот образовен систем е во хаос.

Наместо вложувања во напредок, нашето образование, според него е вратено деценија наназад, без никаква визија и решенија за унапредување на системот кој треба да биде влог во нашата иднина.

„Власта ги занемари најважните прашања поврзани со образованието, го остави како последна алка во општеството. За ДПМНЕ очигледно не е приоритет да инвестираат во современ и квалитетен образовен систем, да го вреднуваат трудот на наставниците. Нивните приоритети се видливи – тендери, луксуз, недомаќинско трошење на парите на граѓаните, лично богатење, прошетки на сметка на државниот буџет“.

Власта, додава Манасков, носи закони за образование без јавна дебата, стручната јавност е исклучена од создавањето законски решенија кои ќе бидат важни за образованието на генерациите кои доаѓаат.

„На денешниот Меѓународен ден на образованието, срамно е да зборуваме за статусот на наставниците во Македонија, за нивните ниски плати, за работните услови, за инвестирање во образовната инфраструктура – генерално за квалитетот на целокупниот образовен систем. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт, го руши дигнитетот и авторитетот на вработените во образованието.
Власта има стотици милиони евра за нов авион ама нема пари за поголеми плати на наставниците.
И по 7 месеци од Владата на Мицкоски, нема ниту еден наставник ниту стручен соработник кој кариерно напредувал. Платите на наставнците се понижувачки“, вели тој.

Додаде дека секојдневно се под притисок на заканувачките изјави на министерката за образование Весна Јаневска и ДПМНЕ дека има вишок од над 3.000 наставници.

Нивниот статус, каѓа Мансокв, е неизвесен заради безидејната образовна структура на ДПМНЕ и нивната неспособност за креирање на развојни мерки за современо образование.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.