Филипче во паника по хаосот и скандалот на Онкологија се обидува да се правда, ЈО да постапи со случајот Онкологија, бара ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Јануари 2025
„Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда. Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос.
Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година.
Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.
Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани.
Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс