Стојановски: Ние советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаме за решавање на проблемот на граѓаните на општина Сарај со водоснабдувањето
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Јануари 2025
Ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и јас како советник кој доаѓа од таа општина ќе ја поддржиме оваа одлука за изменување на одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај, за изградба на пумпа-станица и смена на цевководи и изградба на резервоар во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарци, Семеништа и останатите“, вели Мартин Стојановски, советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денешната седница на Советот на Град Скопје.
Тој појаснува дека оваа одлука уште претходно во изминатите години е почната, а и во изминатиот период поточно пред локалните избори кога заедно со градоначалничката се посетувале населените места граѓаните добиле ветување дека ќе имаат подобро водоснабдување.
„Јас сум советник кој доаѓа од таа општина која навистина има голем проблем со водоснабдувањето за жал, и е една од ретките во градот Скопје која е тотално нефункционална или е функционална барем за во одредени делови“, прецизен е Стојановски.
Стојановски потврдува дека самиот тој како советник, а и останатите советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат оваа предлог-одлука и ќе гласаат за.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс