Работник на автопатот Кичево – Охрид паднал и починал, телото дадено на обдукција
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Јануари 2025
Вчера во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс