Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини: Поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари работна посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Посетата ја потврди цврстата поддршка на Владата за реформите и проектите што се реализираат со цел подобрување на енергетската стабилност, зголемување на инвестициите и унапредување на ресурсното управување.

 

Разговарано беше за клучните приоритети во енергетиката, тековните реформи во енергетскиот сектор, проектите за модернизација на енергетската инфраструктура и плановите за подобрување на сигурноста на снабдувањето со енергија. Во разговорите беа опфатени и мерките за оптимизација на трошоците и унапредување на регулаторната рамка, со цел создавање стабилен, предвидлив и конкурентен енергетски пазар.

 

Министерката Божиновска истакна дека министерството останува посветено на спроведување на реформите кои ќе обезбедат сигурно, одржливо и економично снабдување со енергија за граѓаните и индустријата. Поддршката од Владата е клучна за реализација на крупните инвестиции и стратешките проекти кои ќе ја унапредат енергетската независност на земјата, подвлече Божиновска.

 

Премиерот Мицкоски ја потенцираше важноста на енергетиката како еден од најкритичните сектори за економскиот развој на земјата и ја истакна подготвеноста на Владата да даде поддршка во реализацијата на стратешките проекти.

 

Во рамки на посетата, премиерот се запозна со условите за работа во Министерството, инфраструктурата и динамиката на тимот кој работи на стратегиските енергетски политики.

 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на имплементација на политики што ќе обезбедат одржлив енергетски систем, стабилно снабдување за граѓаните и индустријата, како и услови за нови инвестиции и технолошки развој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.