Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.

 

Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.

 

Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.

 

Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.

 

Извршен е увид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.