
,,Бехтел и Енка” продолжува со грабежот на минералните богатства во Прилепско, велат од Левицата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Март 2025

Прилеп повторно е цел на грабежот од злосторничкиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Под превезот на изградба на автопат, се спроведуваат истражувања со цел експлоатација на минерални суровини во месноста Каракамен. Оваа нова офанзива врз македонските минерални капацитети е уште еден доказ за поданичкиот однос на власта кон стратешките партнери, реагираат од Левица.
Потсетуваат дека Мицкоски, Николоски и ДПМНЕ жестоко се спротивставуваа на договорот со „Бехтел и Енка“ за кој ветуваа дека ќе го објават веднаш после изборите кога ќе формираат Влада.
„За жал ова остана лага, договорот е тајност, ДПМНЕ го продолжува како што сами рекоа „најголемиот криминал на векот“ започнат од СДС, а денес сведочиме како партиите на власт станаа соучесници на странските приватни конзорциуми кои го зголемија бројот на локации на кои ја пустошат Македонија.
Прилепчани веќе докажаа дека знаат да се спротивстават на обидите за експлоатација. Нагласуваме на фактот дека „Бехтел и Енка“ отпочнаа минирање во прилепско уште пред да им биде одобрена концесијата, во чија последица настрадаа домовите на жителите во околните села. На претходните протести нивните барања ги застапуваа и од ДПМНЕ, кои по доаѓањето на власт, целосно ја сменија политиката по ова прашање и ги оставија жителите на цедило. За денес, наместо со поддршка, граѓаните да се соочуваат со притисоци, закани и институционална игноранција“.
Според оваа партија, додека граѓаните трпат и се борат за своите домови, ниви и шуми, странскиот капитал беснее низ државата со одобрување од властодршците.
Од Левица прашуваат:
– Зошто продолжува да се спроведува таен договор со приватен субјект, кој е финансиран со народни пари?
– Какви натамошни обврски презела државата кон приватниот субјект за кој граѓаните не треба да знаат?
– Дали прифаќањето на одредби кои, можеби, содржат криминални компоненти, нема да бидат кривично гонети?
– Дали новата Влада со држењето на Договорот во тајност штити од кривичен прогон одредени личности од минатата владејачка гарнитура?
Го повикуваат Основното јавно обвинителство да започне соодветна истрага во врска со овој договор. Владата, додаваат, мора да е свесна дека одговорноста за држење на овој договор како таен, сега е нејзина.
Како што нагласуваат, со криењето на истиот и нетранспарентноста во процесот, останува сомневањето дека ДПМНЕ, наместо да се спротивстави и да побара одговорност, ги крие криминалите на СДСМ и ДУИ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
