
Утре и задутре во Велес и во Башино Село симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Март 2025

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (ФАО), утре, вторник, 11.3.2025 година, и в среда, 12.3.2025 година, ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите. Теоретско-практичниот дел од симулацискта вежба ќе се одржи утре (вторник) во Велес, а теренскиот на 12.3.2025 година (среда), во с. Башино Село, најави АХВ.
Ги известуваат јавноста од општина Велес и локалното население во с. Башино Село дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности на Агенцијата поврзани со симулациската вежба, која ќе се реализира по однапред утврдено сценарио и ќе опфати активности што би се презеле во случај на појава на болеста. Целта на симулациската вежба е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите.
На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската Унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечката федерација на Македонија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
