
Муцунски и азербејџанскиот министер разговараа за поголема соработка во економијата, енергетиката, туризмот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Март 2025

Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.
Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите беа односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво. Соговорниците изразија задоволство од динамиката на нивниот развој и ги нагласија можностите за продлабочување на соработката, со акцент на економијата, инвестициите, трговската размена, енергетиката и туризмот.
Министрите заеднички потврдија дека одличната политичка соработка помеѓу двете земји е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи во наредниот период.
Како посебно значаен аспект на средбата, министрите Муцунски и Бајрамов потпишаа Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени патни исправи, со што се отвораат нови можности за олеснета комуникација и поблиска институционална соработка
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
