
ВЛЕН: При вработувањето на 300 војници, критериум ќе биде и соодветната застапеност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 14 Март 2025

„Пред неколку дена објавивме дека е отворен конкурс за вработување на 300 војници во Армијата на Република Северна Македонија. Право на пријавување имаат сите заинтересирани лица на возраст од 18-25 години“, велат од ВЛЕН.
„Но, во рамките на оваа објава со гордост ве известуваме дека уште еден критериум и елемент што ќе се земе предвид е правичната и соодветна застапеност. И ова прашање е решено и официјално се појавува во точката седум на конкурсот, кој се уште е активен.
Кога го отстранивме навредливиот механизам за балансирање, ветивме дека Албанците ќе бидат соодветно застапени во сите институции во земјата. Ова е почеток, продолжението ќе биде слично. Ќе има и правична и соодветна застапеност во секој конкурс. Ова прашање ќе продолжи се додека не се уреди со Законот за правична и соодветна застапеност“, посочуваат од ВЛЕН и додаваат:
„Се обврзавме дека Албанците ќе се вработуваат повеќе и подобро, секаде, без разлика. Но, разликата во вработувањето на нашата Влада е во тоа што обезбедуваме правична и соодветна застапеност, но нужно имаме и механизам за филтрирање, меритократијата ќе биде клучниот збор при нашите вработувања. Вистинската личност на вистинското место. Албанците се способни, знаат и можат многу добро да водат. Можеме да вработиме повеќе Албанци и подобро.. Правична и соодветна застапеност, достојна само преку меритократија“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
