
„Тага до небото!“: Јелена Томашевиќ емотивно се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Пејачката Јелена Томашевиќ проговори за страшната трагедија што ја потресе Северна Македонија, каде што најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани.
Таа се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“, меѓу кои и тапанарот Горги Горгиев.
– Нека ви бидат светли Господовите патишта за вас и членовите на вашиот бенд „ДНК“, како и за сите оние кои прерано заминаа со вас во царството небесно. Тага до небо во мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со вас! Искрено сочувство до сите семејства на жртвите и до сите граѓани на Македонија, напиша Јелена на Инстаграм споделувајќи фотографија со Горги.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
