
Откажани сите активности во Собранието: пратениците со сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства што поскоро
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

На денешната Координација која се одржа во 10 часот во Сала на Влада на Собранието, присуствуваа претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата.
Координацијата започна со оддавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.
Претседателот на Собранието предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
