
Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.
За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка.
Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим од двајца лекари и еден психолог ќе биде ангажиран во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка поддршка на граѓаните
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
