
Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, имаат дозвола за прекин на наставата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Студентите и професорите на Скопскиот универзитет ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства.
УСС на УКИМ упати повик до сите студенти, целата академска заедница и граѓаните на државава да присуствуваат на собирите Заеднички час. УСС на своите профили на социјалните медиуми ќе известува за локациите на наредните собири.
Повик за присуство на денешниот собир во 12 часот на платото на УКИМ упати и студентската организација „Студентски отпор“.
Собирите ќе се одржат денеска и во текот на целата недела. Првиот заеднички час е денеска од 12 часот на кампусот на факултетите од општествените науки.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
