
„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот, не штитете некој кој треба да е зад решетки“, вели сопругата на Андреј од „ДНК“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Наталија Ѓоргиеска, сопруга на загинатиот Андреј Ѓоргиески од бендот ДНК, се обрати до јавноста и порача да не се штитат тие кој треба да се зад решетки.
„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за првпат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.
Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателитe“, напиша таа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
