Книга на жалост во следните шест дена ќе биде отворена во Собранието

Собранието од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани.

 

Книгата на жалост е отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.

 

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.

 

Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.