
Заменик началникот на ВМА: Состојбата на пациентите од Македонија е тешка
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Заменикот началник на воената медицинска академија, Иван Лековиќ, денес изјави дека шест пациенти биле транспортирани во оваа здравствена установа и дека еден пациент е згрижен во воената болница во Ниш и посочи дека сите се во тешка и сериозна состојба.
Во изјавата на Министерството за одбрана се наведува дека пациентите биле транспортирани во три медицински возила и транспортниот авион на српската армија и дека еден пациент е згрижен во воената медицинска болница во Ниш. Сите пациенти кои биле примени во Воената медицинска академија се на помлада возраст, од 1998 до 2007 година, и тие се на единици за интензивно леќење, а нивната состојба е тешка и сериозна. „Ги преземавме сите мерки на интензивно лечење и ги искористивме сите наши ресурси за да им помогнеме на овие луѓе и да им помогнеме на луѓето од Северна Македонија“, рече Лековиќ.
Зборувајќи за процесот на повреди тој истакна дека сите пациенти биле во многу сериозна состојба.
„Покрај изгорениците што ги имаат сите, пациентите имаат и знаци и симптоми на труење од чадот, како и инхалациони повреди, односно оштетување на органи за дишење со топол воздух и материјали од пожарот. Лечењето е долготрајно, изискува бројни операции, вклучување на бројни други специјалисти – пулмолози, кардиолози, невролози, пластични хирурзи“, рече Лековиќ, според тамошните медиуми.
Тој додаде дека сите оперативни интервенции се изведуваат во повеќе акти и дека ќе треба да направат одредени засеци, да ги елиминираат овие оштетени површини и да ги покриваат изгорените површини со различни видови трансплантации.
„Сето тоа бара време и многу напор“, рече полковникот Лековиќ, додавајќи дека пациентот кој бил примен во болницата во Ниш, бил опериран и дека е во сериозна состојба.
Тој изјавил дека тие испратиле тим од шест члена до Македонија, кој се состои од двајца хирурзи пластичари, анестезиолог, анестетичар и двајца медицински техничари.
„Тие останаа во Скопје за да им помагаат на колегите од Северна Македонија во операцијата на пациентите. Ќе бидат таму сè додека е потребно“, истакна Лековиќ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
