
СОЗР ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на лицата кои се лекуваат во странство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Службата за општи и заеднички работи изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните.
Ги повикуваaт семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070-270-370.
Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.
Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, истакнуваат од оваа институција
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
