(Видео) Посебно место на гробиштата во Кочани за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс

Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”.

 

https://www.facebook.com/reel/1334256537785769/?ref=embed_video

 

Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта.

 

„Ројтерс“ објави видео од багерите кои веќе се на терен и ги копаат гробните места.

 

Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот.

 

Исто, упатена е препорака и да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

 

Во пожарот загинаа 59 млади луѓе, осомничени се 22 лица, а Обвинителството бара краткотраен притвор за 14 лицa.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.