
Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост: Во солзи и тишина даваме почит за жртвите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

Денеска, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.
Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени.
„Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир,“ напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.
Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
