
Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата сигурност, а во врска со издавањето на согласности за функционирање на диско клубот „Пулс“ во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди.
Од Кривичниот суд попладнево информираа дека притворот е определен поради опасност од бегство, околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Со почит, Основен кривичен суд Скопје
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
