
Андовски и Муцунски во посета на болниците во Белград каде што се хоспитализитани повредени од трагедијата во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ги посетија Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и Клиничкиот центар во Белград.
Во рамки на посетите, тие остварија средба со директорите и медицинските тимови, при што одблиску се запознаа со здравствената состојба на пациентите и условите во кои се лекуваат.
Во ВМЦ се хоспитализирани 10 пациенти, од кои 6 се на одделот за интензивна нега, а 4 на одделот за пластична хирургија.
Во Клиничкиот центар во Белград се хоспитализирани 17 пациенти.
Дополнително, претставниците остварија средба со родителите и роднините на пациентите, при што ја пренесоа поддршката од страна на државата и ги уверија дека институциите остануваат посветени на обезбедување соодветна помош.
„Во овој тежок период, секој збор на охрабрување и секоја форма на поддршка се од непроценливо значење за семејствата што се соочуваат со предизвици. Голема благодарност до медицинските тимови на ВМЦ и Клиничкиот центар во Белград за нивната професионална грижа, посветеност, несебичен ангажман и хуманост во грижата за нашите пациенти“, велат од Министерството за здравство
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
