
Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани во текот на утрешниот ден, кога ќе се случува погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница.
МВР се задолжени за преземат безбедносни и сообраќајни мерки, а за медиумите изготвен е протокол – да бидат оддалечени на 300 метри од капелата за да се заштити приватноста на семејствата и безбедно да се следи погребот
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
