Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани, доколку има потреба.

„И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги доброволно се пријавија, доброволно учествуваа во транспортот, кој е еден од најтешките видови транспорт на овие пациенти, па доколку има потреба – стоиме на располагање и тука сме повторно да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија“, изјави за РТС потполковник Рондовиќ.

Тој додаде дека 30 пациенти повредени во пожарот се на лекување во Србија, од кои 12 се лекуваат во военото здравство, а останатите во цивилниот здравствен систем.

„Станува збор за изгореници предизвикани од ефектите на висока топлина и повреди од вдишување, кои преовладуваат кај поголемиот дел од повредените во оваа трагедија, бидејќи биле затворени во запалениот простор и изложени на висока топлина“, рече Рондовиќ.

Тој додаде дека е тешко да се предвиди времето на опоравување на пациентите, но дека нивното закрепнување, доколку нема компликации, може да се очекува најмалку за недела или две.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.