Медицинската рехабилитација кај пациенти со тешки изгореници може да ја извршува само специјализиран медицински кадар, апелира Министерството за здравство

Министерството за здравство преку соопштение jа нагласува целосната посветеност кон обезбедување на најдобрата можна здравствена грижа за повредените лица по трагедијата во Кочани.

„Во однос на третманот на повредените, истакнуваме дека здравствениот систем располага со соодветни капацитети и стручен медицински кадар подготвен да одговори на потребите за итна медицинска нега, рехабилитација и долгорочна физиотерапија.

Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, претставува строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар.

Несоодветната физиотерапија, без медицинска процена, може да доведе до несакани последици за здравјето на пациентите, а таквите постапки се казниви според Законот за здравствената заштита“.

Ги повикуваат сите институции и медицински професионалци да продолжат со координирана и стручна работа со цел да се обезбеди безбедна и квалитетна грижа за повредените.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.