Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејства за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

 

Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при што се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица што би можеле да имаат определени сознанија.

 

Во текот на денот Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејства поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, на осомничените и на други лица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.