Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Соред најавите, во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, а на одредени локации се очекува пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

 

„Процесите ќе бидат поинтензивни на неколку места и може да се развијат во форма на краткотрајно, но силно невреме“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најризични се попладневните и вечерните часови.

 

Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Маврово и во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 25 Целзиусови степени во Гевгелија.

 

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, силен ветер и појава на грмежи. Постојат услови и за изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 23 степен





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.