
До ОЈО Куманово доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Мај 2025

нститутот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот пациент Ведат Адеми. Наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, извести Јавното обвинителство.
32-годишниот кумановец почина на 17 март во кумановската болница. Адеми ненадејно починал откако примил терапија во болница.
Неговото семејство обвинуваше дека лекарска грешка е причина за загубениот живот. Тврдеа дека му бил даден лек на кој бил алергичен.
„На 17.03.2025 година во 11:35 часот од Општата болница Куманово во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека со влошена здравствена состојба во болница дошол В.А. (32 години), кој по примање на дадената терапија по кратко време починал и извршен е разговор со целиот присутен медицински персонал“, изјавија од СВР Куманово.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
