Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал

Прилепчанец му го украл пиштолот на полицаец додека го приведувал и избегал.

 

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел  службениот пиштол  на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.

 

Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди.

 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.