
Четворица повредени од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, во странство остануваат уште 11 лица
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Мај 2025

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Поконкретно, еден од пациентите пристигна во текот на вчерашниот ден од Софија, двајца се враќаат денес од Белград, а четвртиот треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите што се лекуваат во странство се во стабилна состојба.
Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во Општата болница во Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти по психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
