
Зеленски: Ако преговорите се покажат како театар, светот мора силно да реагира
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 16 Мај 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да воведе нови санкции кон Русија доколку се покаже дека нејзиното учество во директните мировни преговори со Украина е театрално.
Зборувајќи на конференција во Тирана, во време кога во Истанбул се водат првите директни преговори меѓу Украина и Русија по три години, Зеленски повика на поостра меѓународна реакција.
„Светот мора да одговори. Потребна е силна реакција, вклучително и санкции против енергетскиот сектор и банките на Русија. Притисокот мора да продолжи да расте додека не се постигне вистински напредок“, рече Зеленски.
Тој повторно повика на прекин на огнот: „Потребно ни е целосно запирање на убиствата, доволно долго за да и се даде вистинска шанса на дипломатијата“.
Додаде дека Украина инсистира на „целосен, безусловен и искрен прекин на огнот“, кој, како што вели, мора да се случи веднаш за „да се запрат убиствата и да се создаде цврста основа за дипломатијата“.
„Ако руските претставници денес во Истанбул не можат ниту да се согласат на тоа, на прекин на огнот… тогаш ќе биде 100 отсто јасно дека Путин сè уште ја поткопува дипломатијата“, рече Зеленски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
