Заев: Ако опозицијата го минира законот за ЈО, Собранието нема да се распушти

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека доколку не се донесе решение за законот за Јавно обвинителство, Собранието нема да се распушти, но тоа нема да ги одложи предвремените избори. Според него, разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот има исклучителна важност.

„Ако опозицијата се обидува да го минира законот за ЈО, Собранието нема да се распушти. Одложување на изборите сигурно нема. На 12 април се изборите, убаво е да се случи распуштањето на парламентот како што тоа го наведува законот”, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека потребно е квалитетно законско решение, а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство.

Заедничката средба на парламентарните групи за законот за Јавното обвинителство претходно беше откажана поради отсуство на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ.Министерката за правда, Рената Дескоска, во текот на денот има одвоени средби со партиите што имаат амандмани за законот. Пратениците од помалите партии со министерката Дескоска треба да ги изнесат забелешките и да се договорат за конечниот предлог-текст на законот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.