Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за распуштање на Собранието

Денеска, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог на одлуката за распуштање на Собранието.

 

Оваа одлука ја предлагаме бидејќи и покрај исполнетоста на сите услови за одржување предвремени избори за пратеници, деновиве гледаме како лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обидува да избега од нив со поставување услови за носење закони кои само од нему познати причини претставувале услов за оддржување на изборите, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

 

„За неполни три години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и националните интереси, но и штети што секојдневното живеење на граѓаните го прават речиси невозможно.

 

Како никогаш досега Македонија не била поподелена ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален основ, ниту по граѓански основ, и тоа мора да запре.

 

Република Македонија е доведена до степен на потчинетост поради недостоинствени прифатени предлози, разочарувања, никакви реформи во економијата, катастрофи во здравството, нема никакви реформи во образованието, континуирано осиромашување на граѓаните, инавазија на иселување, деморализирање и потеценување на граѓаните, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, загрозување на животната средина, непочитување на Уставот.

 

Од страна на „Транспаренси интернешнл“ сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа. Според угледното списание „Економист“, Република Македонија е оценета како хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим, што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

 

Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата, а секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.

 

Ветувањата на СДСМ за задржување на младите во државата паднаа во вода. Македонија се наоѓа на третото место во светот по стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години. Време е граѓаните на Република Македонија да одлучат во кој правец сакаат да се движи Македонија.

 

Македонија мора да тргне по патот на реформите, не е доцна, но дефинитивно е јасно дека тоа нема да се случи додека нашата земја е под неспособното водство на Зоран Заев и СДСМ. Бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорноста. Со ова се докажува дека е подготвен целата држава да ја стави во заложништво, само за да се обиде да се спаси себеси.

 

Македонија не смее повеќе да биде заложник на партиските интереси, суетите на одредени министри и стравот на Заев од соочување со одговорност. Токму затоа бараме распуштање на Собранието на Република Македонија и предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе си ја вратат државата назад и ќе одлучат да ги водат чесни и сериозни луѓе и луѓе што, пред сè, ја сакаат оваа земја. Политичари што, пред сè, ќе имаат легитимитет од страна на граѓаните и во наредните  години ќе ја водат Република Македонија напред“, рече Мицевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.