![](/images/Fotografii_18/Stoilkovski_shilegov_kuka-1.png)
(Видео) Стоилковски: Овие фотографии покажуваат дека Шилегов без дозвола си ја надградува зградата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 14 Септември 2021
![](/images/Fotografii_18/Stoilkovski_shilegov_kuka-1.png)
Ова се фотографии од семејната зграда на Петре Шилегов направени вчера. Тука најдобро се гледа линијата до каде бил кровот, се гледа и линијата до каде бил сртот и што е над тоа градено, објасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што рече тој, реконструкција на еден објект значи задржување на обемот, висината, ширината и должината на истиот.
Во случајот на Шилегов, нагласи Стоилковски, станува збор за надградба.
„За тоа Петре Шилегов нема дозвола. Надградба без дозвола е криминал!“, обвини партискиот портпарол.
Според него, една од фотографиите покажува менување на габаритот на објектот, во споредба со соседите од лево и од десно.
„Распуканите ѕидови уште од сега, откриваат точни линии на стариот објект. Тоа покажува и можна промена на статиката на објектот. Наместо кровна конструкција - цел спрат! Тоа може да доведе до опасност по животот, на домашните, на соседите и на нивниот имот“, посочи Стоилковски.
Според него, инспекторите молчат и се кријат во однос на овој случај.
„Ги нема на терен единствено кај градоначалникот на Скопје, во заминување, Петре Шилегов. Инспекторите молчат, дивоградбата зборува сама за себе. Шилегов без дозвола крена замок во Карпош, ја зголеми вредноста на зградата за 100-тина илјади евра, сè тоа со познати фирми, а никој, ама никој од надлежните не се заинтересира“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, според кого, за Скопје нема полошо од Шилегов.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
![](http://iab.mk/wp-content/themes/iab/img/badges/crn/IAB-Badge-black-S.png)
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
![](../images/sovet-za-etika.jpg)