СДСМ: Левица и Апсиев се реална закана за европскиот пат, Мицкоски е нивни заложник

Реална закана и вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на државата доаѓа од Левица. Патријата предводена од Димитар Апасиев јасно е против стратешките цели на државата за евроинтеграција, против НАТО и членството во ЕУ,се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека поради идеолошко озбеличување на ВМРО-ДПМНЕ, непромислениот популизам и деструктивноста, Мицкоски, како политичар без став и визија, станува заложник на Левица и Апасиев.

Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја доведе државата до раб на провалија.

Државата, предводена од демократските сили на чело со СДСМ ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.