„Уште не е подготвена“: Џенифер Лопез избегнува романтични врски по разводот
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 19 Ноември 2024
Пејачката и актерка Џенифер Лопез решила да се одмори од романтичните врски по разводот со Бен Афлек и да се фокусира на кариерата, пишува „Дејли мејл“. Работата моментно ѝ е приоритет, а и покрај шпекулациите дека сака да ужива, Лопез наводно не планира да почне нови врски.
„Како и повеќето луѓе, Џен би сакала повторно да ја пронајде љубовта, но во моментот е посветена на себе. Ако дојде љубовта, таа ќе ја прифати, но не сака да влегува во нови врски во моментот. Таа е фокусирана на својата работа и сака 2025 година да ѝ биде година на враќање на она што ја прави посебна. Таа сè уште се справува со загубата на Бен и не е подготвена активно да се забавува“, рече извор близок до Лопез.
Тој исто така додава дека Лопез обично има тенденција бргу да влегува во нови врски по раскинувањето, но сега таа се обидува да ја промени таа динамика и да се обиде со поинаков пристап.
Во едно претходно интервју Лопез зборуваше за тоа колку ѝ е тешко да биде сама по четвртиот неуспешен брак.
„Мислев дека научив да се справувам со тоа, но не сум. Ова лето морав да кажам: Време е да бидам сама. Сакам да си докажам дека можам да бидам среќна и исполнета, без да се потпирам на други“, рече таа.
Џенифер додаде дека моментно не ја интересира романса и дека не очекувала крај на бракот со Афлек.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс