Откриена причината за смртта на Мишел Трахтенберг

Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата Gossip Girl, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантацијата на црн дроб можеби придонеле за нејзиното починување, изјавија полициски извори за „Еј-би-си њуз“.

 

Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро околу 8 часот по локално време. Телото го открила мајка ѝ во стан во близина на Колумбус Сиркл. Од полицијата за медиумите потврдија дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе се изврши и обдукција.

 

Според информациите на ТМЗ, на актерката неодамна ѝ била извршена трансплантација на црниот дроб, која била неопходна по долготрајната борба со проблемите предизвикани од алкохолот. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот Sartiano’s минатиот четврток вечерта.

 

„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. Смртта не се третира како сомнителна. Истрагата и понатаму е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.