
(Фото) Го поздрави Париз со голите гради и стана центар на вниманието
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Март 2025

Бела Хадид ги покажа сите свои адути во проѕирен фустан, а ова беше нејзино прво модно шоу од октомври, кога прошета на пистата за Victoria’s Secret.
Една од најбараните манекенки на денешницата, Бела Хадид, го зазеде централното место на модната недела во Париз кога прошета по пистата за францускиот бренд Сен Лоран, но и ги покажа своите адути.
Бела беше облечена во проѕирен фустан од тантела што остави малку на фантазијата, а беше креација за есен/зима 2025/2026 година.
По познатото камбек шоу на Victoria’s Secret, ова е нејзино прво појавување на модната писта, па не се очекуваше ништо помалку од оваа провокативна креација.
И за забавата потоа се одлучи за уште едно провокативно парче облека – долг, целосно проѕирен црн фустан кој исто така не ги криеше нејзините гради, па не остана незабележана ниту во оваа прилика.
Друштво и правеше Хејли Бибер, која исто така се осмели да ги разголи нејзините атрибути, па нејзините витки и долги нозе веднаш се најдоа на насловните страници
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
