
(Видео) Илон Маск си играше со приборот за јадење на вечера во Белата куќа, снимките станаа вирални
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Март 2025

Како што сопственикот на „Икс“, Илон Маск, станува поблизок со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата втора администрација, серија од неговите видеа станаа вирални на социјалните мрежи.
Последната го прикажува Маск со виљушка и две лажици.
Маск беше снимен како балансира конструкција составена од виљушка и две лажици на прстот за време на вечерата во Белата куќа. На видеото се гледа и Трамп, кој во тој момент разговара со друг гостин. Во друго видео, портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит, се чини дека прилично се забавува од неговата вештина.
Сепак, многу корисници на социјалните мрежи не беа воодушевени од оваа забава. Еден го нарече „циркус“. Други го опишаа како „неверојатно срамно“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
