Џенифер Лопез подготвена за нова врска: „Бара некој што не е јавна личност“

Џенифер Лопез е подготвена за нова врска еден месец по нејзиниот бурен развод со Бен Афлек, пренесува „Пејџ сикс“.

 

„Џенифер е подготвена да влезе во играта и не се откажала од барањето љубов. Нејзините пријатели ја охрабруваат да оди на состаноци и дефинитивно е подготвена да запознае некој нов“, рекол неименуван извор близок до пејачката.

 

Според извештаите, латино-дивата е отворена за врска со некој што овој пат не е славна личност. „Размислува да излегува со некој што не е во очите на јавноста, но не се ограничува на некој конкретен тип“, рекол изворот.

 

Џеј Ло и Афлек официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор со посредство уште во септември, со што избегна долга судска битка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.