Чак од Gossip Girl стана татко

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во хит серијата Gossip Girl, го доби своето прво дете со сопругата, исто така актерка, Ејми Џексон (32). Тие ја потврдија веста со фотографија на Инстаграм на која позираат со бебето.

 

Во описот на објавата го открија полот и името на бебето. „Добре дојде во светот, момченце. Оскар Александар Вествик“, напишаа тие.

 

Двојката се венча во август минатата година во Италија. По венчавката за магазинот People изјавија дека со нетрпение го очекуваат брачниот живот.

 

„Да се ​​омажам за Ед за мене значи да имам животен партнер со кој можам да споделувам авантури, љубов и поддршка, да создадам прекрасно семејство и да имам грб во сите моменти од животот“, рече Ејми





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.