
(Фото) Сите принцези на светот не се ни блиску до неа: фаталната Русинка ја покажа својата друга страна
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 15 Мај 2025

Прекрасната Русинка не ја пропушти можноста да биде видена на црвениот тепих, а за нејзината модна комбинација ќе се зборува долго време…
Моделот Ирина Шајк се појави на Канскиот филмски фестивал во 2025 година и може да се каже дека ги шармираше сите присутни со својот моден избор.
За разлика од скандалозната креација од минатата година, оваа година е олицетворение на чиста елеганција и женственост.
Убавата Русинка за оваа посебна пригода носеше црн фустан со пуфки, пуф-ракави и долги ракавици. Креацијата е од италијанската модна куќа Армани, а Ирина беше вистинска принцеза во оваа креација.
Својот стајлинг го надополни со впечатливи обетки, минимална шминка и необична фризура која ги истакна нејзините природни црти на лицето.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
