Џеј Ло го носи најубавиот и наједноставен фустан за сезоната: ако го сакате, има мал проблем

 

Џенифер Лопез испрати посебна честитка за Денот на мајките и сподели фотографија од себе, меѓутоа она што веднаш стана главна тема беше нејзиниот фустан.

 

 

Латинодивата Џенифер Лопез позира во кариран розов фустан со средна должина, во комбинација со сламна шапка.

 

На масата до неа има цвеќиња, како и фотографија од децата, се претпоставува дека цвеќињата биле подарок од нив.

 

„Најубав Ден на мајките на сите мајки. Им посакувам на сите мир, љубов, смеа, радост и среќа“, напиша Џеј Ло во описот, а сите набргу почнаа да коментираат за нејзиниот избор на облека.

 

Пејачката е позната и по провокативниот и по елегантниот изглед, а иако на оваа објава носеше скапа чанта од „Диор“, сите коментираа само за нејзиниот фустан.

 

Како што објави „Мари Клер“, карираниот фустан е од брендот Reformation и неговата цена е 345 евра. Интересно е и тоа што овој конкретен модел е веќе распродаден, па дури и ако сакате да го купите, мора да бидете на листата на чекање.

 

Овој бренд е особено сакан од познати дами, вклучувајќи ја и Тејлор Свифт, а кога е во прашање Џенифер Лопез, ова е едно од нејзините најненаметливи изданија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.