27-годишната Каролин Левит избрана за портпаролка на Белата куќа, најмладата во историјата

Каролин Левит (27) е именувана за нова портпаролка на американскиот претседател Доналд Трамп, што ја прави најмладата личност на оваа позиција во историјата на Белата куќа. Последен пат некој помлад од 30 години ја извршувал функцијата во 1969 година, за време на мандатот на претседателот Ричард Никсон, јавува Би-би-си.

Трамп по нејзиното назначување рече: „Каролин Левит направи феноменална работа како прес-секретар за мојата кампања, и со задоволство можам да објавам дека ќе служи како прес-секретар во Белата куќа. Каролин е паметна, цврста и се покажа како многу ефикасен комуникатор. Имам голема доверба во неа дека ќе биде брилијантна во оваа улога и ќе помогне да ја пренесеме нашата порака до американскиот народ“.

 

Левит ја изрази својата возбуда за нејзината нова улога на платформата Икс (поранешен Твитер), пишувајќи: „Благодарам на вредните вработени во Белата куќа што подготвија сè за нашето пристигнување. Се гледаме наскоро!“ Таа подоцна додаде: „Златното доба на Америка започна“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.